Што се случува? Бајден испрати тајна делегација кај Мадуро, Вашингтон и Брисел го подготвуваат најсилниот удар за Путин!? (фото)

Високи американски претставници, пишува Гардијан, отпатувале во Венецуела на разговори со владата на Николас Мадуро, очигледно обидувајќи се да ја натераат земјата да се дистанцира од Русија по инвазијата на Владимир Путин на Украина.

Во последните неколку години ова е првпат САД да испратат делегација на средба со претставници на режимот на Мадуро. Тие се сретнаа во саботата во главниот град на Венецуела, Каракас.

Google search engine

Њујорк тајмс, повикувајќи се на анонимни американски извори, тврди дека администрацијата на Бајден била делумно мотивирана од загриженоста дека сојузниците на Русија во Латинска Америка – кои вклучуваат авторитарни режими во Куба, Никарагва и Венецуела – би можеле да станат “безбедносна закана” доколку конфликтот со Путин ескалира. Некои шпекулираат дека САД ја гледаат венецуелската нафта како потенцијална замена за рускиот увоз. Венецуела има најголеми резерви на нафта во светот и нејзиното производство расте и покрај тоа што со години е под американски санкции.

Ројтерс наведува дека не бил постигнат договор во саботата, но некои експерти веруваат дека средбата би можела да биде значајна промена во американската политика кон земјата, која е во длабока криза откако Мадуро ја презеде функцијата во 2013 година.

Кристофер Сабатини, експерт за Латинска Америка, коментира дека тоа е исто така можност за американскиот приватен сектор да се врати во Венецуела и на тој начин да ги истераат Русите.

Во последниве месеци, има се поголеми индикации дека Соединетите Држави, под Бајден, ја менуваат својата политика кон Венецуела, иако официјални лица велат дека нема да има ненадејно укинување на санкциите.

Поранешната презентерка на Фокс Бизнис, Триш Реган , на Твитер коментираше дека во Венецуела моментално не се само американски функционери.

Таму се и клучните директори на големите американски нафтени компании, вклучително и Шеврон. Ова е реално, луѓе. Доколку се постигнат договори, нафтата на Путин ќе ја замениме со огромни резерви од регионот Ориноко во Венецуела – рече Реган.

САД и европските партнери размислуваат за забрана за увоз на руска нафта, рече во неделата американскиот државен секретар Антони Блинкен, нагласувајќи ја важноста од стабилно глобално снабдување со нафта.

“Во многу активни разговори со нашите европски партнери за забрана на увозот на руска нафта во нашите земји, а се разбира одржување на стабилно глобално снабдување со нафта”, рече Блинкен во интервју за NBC.

Блинкен го коментираше ова откако цените на нафтата драстично пораснаа оваа недела, бидејќи САД и нивните сојузници воведоа санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина.