Што се може да купите на „Dark web“ –а ова се цените: Ковид пасоши, вакцини и негативни ПЦР тестови

На „Dark web“ се продаваат вакцини за коронавирус, ковид пасоши и лажни негативни ПЦР тестови, пренесува „BBC“.

Цената за една доза од вакцините АстраЗенека, Спутник V, Синофарм и Џонсон и Џонсон се движи меѓу 500 и 750 долари, додека пак лажната потврда за вакцинација се продава по цена од 150 долари, пишува „BBC“.

Google search engine

Истражувачи од компанијата „Check Point“, кои што следеле хакерски формули и други продажни места од месец јануари кога се појавија вакцините, велат дека е забележан зголемен број на огласи во врска со вакцините за коронавирусот.

Тие тврдат дека бројот на огласи тројно се зголемил и дека сега ги има над 1.200.

Продавачите на вакцините се наоѓаат во САД, Шпанија, Германија, Франција и Русија, а истражувачите откриле дека огласите воглавно се напишани на англиски и руски јазик.

Еден од продавачите ветува достава за само еден ден, а поединци за купување на два негативни тестови на коронавирусот, третиот го даваат гратис.

Инаку, „Dark web“ е дел од интернетот кој што е достапен само по пат на одредени алатки за пребарување.

Од „Chek Point“ предупредуваат на најважната работа кога станува збор за огласите кои што се наоѓаат на „Dark web“:

„Важно е луѓето да разберат дека обидот за набавка на вакцини или негативни тестови за ковид-19 по неслужбен пат е екстремно ризичен затоа што на хакерите повеќе ги интересираат парите и информациите за вашиот идентитет кој што подоцна можат да го искористат против вас“.

Оттаму додаваат дека веруваат дека станува збор за измамници, а упатиле и апел до сите светски држави да воведат QR код во документацијата на вакцините.