Што се крие зад бизарниот тренд во кој девојките во бикини скијаат на снег?

Додека метеоролозите најавуваат дека и оваа недела ќе се соочиме со минусни температури, нѝ стана сосема нормално на социјалните мрежи да наидеме на фотографии од инфлуенсерки кои во зима се фотографирани само во долна облека или костим за капење.

Бизарниот тренд во кој познатите дами, но и оние кои не се познати, се соблекуваат во бикини и се фотографираат на снег, започна во 2019-та година.

Google search engine

За ова придонесоа сестрите Кардашијан со тоа што своето скијање таа зима го претворија во фотографирање во бикини. Тогаш овие планетарно популарни сестри се потрудија да им покажат на сите дека омилена зимска облека им се бикините и дебелите чизми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kourtney ❤️ (@kourtneykardash)

Оттогаш, корисниците на социјалните мрежи почнаа масовно да се впуштаат во овој предизвик и да објавуваат слични фотографии.

Покрај Кардашијанките, во издание кое нѝ ја замрзнува крвта во вените ги видовме и Ванеса ХаџенсЏесика Симпсон, Елизабет ХарлиМараја Кери, па дури и Ријана.

Тоа Кендал го повтори и оваа година, а на својата фотографија собра дури 11,9 милиони допаѓања. Истото го направија и албанската пејачка Дуа Липа и актерката Нина Добрев.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kendall (@kendalljenner)

Кога зборуваме за македонски инфлуенсерки и познати личности, кај нас тоа минатата година го направи поранешната сопруга на Даниел Кајмакоски, Кристина Димитриевска и на фотографијата собра повеќе од 3.000 допаѓања.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KRISTINA DIMITRY (@kristina.dimitry)

Хаштагот #snowbikini има собрано над 1.748 објави до денеска.

Сепак, пред Кардашијан сестрите да го ‘прослават’ овој тренд, Ким во вакво издание се појави во 2015-та година, кога доби бројни критики.

Сепак, се чини дека работите со текот на годините се променија.

„На жените им здодеа да носат облека во која се покриени од глава до пети. Ова е начин да се забавуваме и во зима“, објаснила една инфлуенсерка.

Бразилката Таис Мацена изјавила дека откако видела дека ова станало вирален тренд, решила да го следи.

„Не можев да верувам. Таа фотографија имаше најмногу допаѓања на мојот профил“, рекла таа.

Судејќи според она што го тврдат, заклучокот е дека сè се сведува на лајкови, а во согласност со нив се менуваат трендовите на мрежите кои станаа секојдневие од нашиот живот. Правилото е дека колку е почуден постот, толку подобро, а некои од нив буквално губат секаква смисла.