Што прави најплатената манекенка на сите времиња: Денес му е посветена на семејството и без ниедна пластична операција

Бразилската манекенка, своевремено најплатената жена во светот на моделингот во последно време не работи толку често, туку му е посветена на семејството, а сега споделила еден неодолив портрет кој сведочи за нивното секојдневие.

Пред почетокот на натпреварот, Жизел Бундшен (41) споделила селфи на кое може да ја видиме како со синот Бенџамин (11) и ќерката Вивијан (8) го бодри својот сопруг, кој играл важен натпревар во НФЛ лигата.

Google search engine

„Спремни сме! Одиме! Одиме, тато“, напишала Жизел, а членовите на семејството Бундшен-Брејди носеле дресови.

Славната манекенка денес ужива во семеен живот, јога и медитација. Не направила ниедна операција или естетска корекција.

„Тоа е природен процес и неодолив дел од нашиот живот. Многу е предизвикувачки и тоа е нешто што треба да се прифати, бидејќи поминуваме низ различни фази во животот. Освен тоа, со стареењето стануваме позадоволни со самите себе, учиме нови работи и стекнуваме драгоцени искуства“.

Спортистот, професионален играч на американски фудбал, Том Брејди, го запознала во 2006-та година, после врската со актерот Леонардо Дикаприо. Таа и Том се венчале во 2009-та година и имаат две деца.