Што правеше Илон Маск на отворањето на погонот на „Tesla“ во Германија

Погонот на „Tesla“ официјално е отворен во Германија, а директорот на компанијата привлекол големо внимание.

Илон Маск службено го отвори првиот производствен погон на „Tesla“ во Европа затоа што компанијата настојува да го намали притисокот на своите други погони во САД и Кина.

Google search engine

Меѓутоа, медиумите ширум светот пишуваат за тоа што основачот на „Tesla“ правел на отворањето.

Маск бил забележан како игра додека ја најавува испораката на првите „Tesla“ автомобили од погонот во Германија за 30 клиенти и нивните семејства во фабриката која вреди 5 милиони евра.

„Ова е прекрасен ден за Tesla“, изјавил Маск, пренесува „Ројтерс“.

Директорот на „Tesla“ го оживеал сеќавањето на движењата во фабриката во Шангај во 2020 година, кога покажал дел од своите танцови способности.

Маск објавил твит на германски јазик

Илон Маск на крајот од еуфоријата поради првата испорака на „Tesla“ автомобили од Европа на Твитер објавил: Danke Deutschland, а на речиси 170 илјади луѓе им се допаднал неговиот твит на германски јазик.

Инаку, во полн капацитет фабриката би требала да произведува по 500.000 автомобили годишно, значително повеќе од „Volkswagen“ кој минатата година ширум светот продал 450.000 електрични возила на батерија.