Што прават денес некогаш најубавите девојчиња на светот

Малку работи предизвикале толку многу реакции во медиумите како прогласувањето на најубавите девојчиња на светот.

Иако таквите титули официјално не постоеле, светските медиуми овие две девојчиња ги нарекоа најубави на светот, а модниот свет беше луд по нивните фотографии.

Google search engine

Првата најубава девојка на светот беше Французинката Тилане Блондеу. Девојчето стана модел на само 4 години, а на 10 години позираше за насловната страница на „Vogue“. Многумина тогаш беа згрозени од фотографиите и целата приказна ја нарекоа сексуализација на дете.

Денес има речиси 20 години и е прекрасна девојка и успешна манекенка.

Нејзина наследничка беше Кристина Пименова, која на 8 години стана најмладиот супермодел на светот.

На сцената се појави во 2014-та година, благодарение на Инстаграм и набрзо потпишала договор со „Dolce&Gabbana“ и Роберто Кавали, а освен тоа се појавила на насловната страница на детскиот „Vogue“. Денес има 15 години.