Основачот на компанијата „SpaceX“, коосновач на компанијата „Tesla“ и од неодамна најбогатиот човек на планетата, Илон Маск, изјави дека никогаш нема да одбие да биде платен во биткоини.
Имено, откако познатиот американски писател Бен Мезрич, авторот на книгата „Случајни милијардери“, напиша на својот Твитер профил дека тој никогаш нема да одбие да биде платен во биткоини, следеше одговорот на милијардерот.
Маск се согласи и напиша „ниту јас“.
Американскиот милијардер, по потекло од Јужна Африка, е љубител на криптовалути, особено на биткоинот.
Тој предизвика вистинска вознемиреност во декември кога рече дека компанијата „Tesla“ може да го претвори билансот на состојба во биткоини.
Исто така, тој изјави многу брзо после тоа дека економијата на Марс може да се базира исклучиво на криптовалути.
I’ll tell you one thing, I’m never turning down getting paid in bitcoin again.
— Ben Mezrich (@benmezrich) January 8, 2021