Што мажите прво приметуваат на голото женско тело?

Многу жени живеат во страв како нивниот партнер (особено новиот партнер) ќе реагира кога ќе видат целулит. Дали ќе ги сметаат за непривлечни, ќе размислат како не се во форма или ќе имаат вишок килограми?

Целулитот е еден вид зрнесто ткиво, кожа со дупки како оние на кора од портокал, предизвикана од маснотии што се акумулираат под кожата и стануваат воспалени. Најчесто се наоѓа на задникот, колковите, бутовите, градите и стомакот. Често станува повидливо како што старееме поради недостаток на колаген.

Google search engine

Иако жените многу се грижат дeка ќе бидат непривлечни поради целулитот, вистината е поинаква. Осум мажи, кои ќе останат анонимни, одговарале на прашања за телото на жената. Еве ги нивните одговори.

Што прво забележувате кога ќе видите голо женско тело?

  1. Нејзините облини, рамената, градите, половината, колковите и нозете
  2. Нејзините тетоважи, без разлика дали ги има или не
  3. Нејзиниот целосен облик
  4. Нејзиниот стомак
  5. Нејзините гради
  6. Нејзиното лице
  7. Целосно гола? Градите и колковите, целокупната фигура
  8. Дали се наежила или не

На крајот мажите и не приметуваат дали жената има целулит иако е тоа најголемиот женски страв пред стапување во нова врска.