Што крие најчуваната тајна на Москва

Бункер 42 е дизајниран и изграден по првите нуклеарни тестирања на поранешниот Советски сојуз кога била донесена одлука дека истиот мора да се направи на длабочина од барем 50 метри под земјата за да се избегнат последиците од удари и радиоактивни зрачења.

Пред Русите бил огромен предизвик – требало да се изгради монументална сигурна структура по одредени спецификации под градските улици, без да се нарушат постоечките инфраструктури.

Google search engine

Од стратешки причини и близина со московски Кремљ, Бункер 42 почнал да се гради во округот Таганскиј.

Граден бил сè до 1959 година, а за среќа никогаш не бил искористен во целост за својата примарна функција.

Во текот на Студената војна бил главна база која ги надгледувала леталата кои пренесувале нуклеарно оружје.

Денес овој простор е претворен во споменик и музеј со име Бункер 42 кој одговара на прашањата како изгледал животот зад Железната завеса.

Секој посетител добива тајна пропусница за влез, се спушта 18 ката под земјата и го разгледува просторот во кој би можеле да преживеат 30.000 луѓе 90 дена без излегување надвор.

Во состав со музејот има и ресторан со руски специјалитети, а просторијата се изнајмува и за вежбање на хеви метал групи, тим билдинзи, свадбени церемонии, бизнис конференции и слични настани.