Што ќе се случи кога возач ќе се збуни на паркинг

Управувањето на автомобили со автоматски менувач би требало да биде крајно едноставно, но сепак тоа не е случај со сите возачи на светот.

Без разлика дали станува збор за страв од паркирање или непријатно чувство поради туѓите погледи, за многумина паркирањето, но и излегувањето од паркинг е исклучително стресно. А дозата на стрес дополнително расте поради големината на возилото и достапниот простор за маневрирање. Ако на тоа уште и додадете потреба од брзо реагирање поради метежот, неволјите се многу веројатни.

Во овој случај нема ништо од споменатите предуслови освен можеби големината на возилото. Теренецот дефинитивно не е мал, но има доволно простор и нема метеж. Видеото започнува со безопасно излегување на SUV автомобил од паркинг, но набрзо се тргнува по надолна линија. Возачот ја притиска педалата за гас и со задниот дел удира во автомобил, па наместо полека да го израмни возилото, тој повторно ја притиска педалата.

Целата ситуација ја сведочи еден случаен минувач кој во неверување мавта со рацете. Можеме само да претпоставуваме што е причина за ваквата несреќа, но за среќа нема повредени.