Што извезуваме, а што увезуваме од Русија?

Изминативе години трговската размена со Русија  расте.  Минатата година е регистрирано зголемување  од 12, 4 проценти во однос на 2020 година. Извозот е намален за 5, 4 проценти, а увозот е зголемен за речиси 20 проценти.

Износите се изразени во УСД

Од земјава во Русија,  најмногу се извезуваат лекови, праски, јаболки, тутун, домати, ајвар, акумулатори.

Google search engine
Износите се изразени во УСД

Од таму пак, најмногу се увезуваат енергенси, камен, јаглен, нафта, хемиски ѓубрива.

Износите се изразени во УСД

Но, колкави би биле загубите за нашата држава,  доколку Русија донесе одлука да воведе санкции, од Македонско-руската стопанска комора, велат дека се уште е не може да се предвиди колкави би биле штетите, затоа што се уште не се знае  од какви размери ќе бидат санкциите кои ќе ги воведе Русија.

-Руската Федерација се уште нема одговор кон земјите кои поставија санкции. Во таа група влегува и нашата држава. Во моментов е тешко да се предвиди што конкретно ќе биде ставено под санкции, но секако нашите членки со право се загрижени поради неизвесноста. Тешко е и да се каже, дали ќе има алтернативен пазар и кој ќе биде тоа. И останатите земји го имаат тој проблем и тие пак ќе бидат наши конкуренти на истиот потенцијален пазар. Носечки извозни столбови се фармацијата, земјоделието, но се извезуваат и авто делови. Хипотетички секој од нив учествува со 30 проценти во извозот и според ова лесно е да се претпостави приближно колку би биле дирекните штети. Но, колку и како тоа ќе се одрази на примарните земјоделци, транспортери, компаниите добавувачи на суровини е секако уште една дополнителна причина за загриженост. Во целост се вели дека нашиот извоз е само еден 1 % до 2%  во вкупниот извоз. Но, во пракса тоа е многу повеќе, бидејќи структурата е поширока, а во неа се засегнати повеќе индустриски гранки, компании и вработени лица, вели за “Денар” Дејан Бешлиев, извршен директор на Македонско – руска стопанска комора.

Македонија се приклучи кон санкциите кон Русија.  Но,  дали ваквата одлука беше избрзана?

-Ова е повеќе политичко прашање. Може би при носењето на ваква одлука, ќе беше добро да се направи анализа од повеќе сектори, пред поставување на санкции. Сметаме дека придружувањето на санкциите од 2014 година всушност е круцијално во однос на она што би го добиле сега како контра санкции. Како пример ќе наведам дека и Словенија беше против носење на одлуката за исклучување од Swift системот или пак Бугарија која и покрај сите санкции, сега бара изземање од пакетот кој предвидува забрана за увоз на нафта и гас од Русија. Сето ова, укажува дека дури членки на ЕУ, прво го гледаат сопствениот економски интерес, па потоа носат одлуки, додава Бешлиев.

Русија веќе објави листа на непријателски земји, меѓу кои се најде  и Македонија. На списокот се всушност државите кои воведоа санкции кон Руската Федерација.

Во меѓувреме пак, цените на нафтата, гасот и електричната енергија продолжуваат да рушат рекорди. Русија и Украина важат за земји кои се најголеми извозници на жито и енергенси, а Европа е голем зависник од рускиот гас. Поради сериозносна на конфликтот на истокот, дел од државите стравуваат  дека или ќе останат без некои енергенси или ќе ги плаќаат многу поскапо. Домашните експерти во земјава веќе предуредија дека не чека тешка година и процес на долго опоравување, прво од енергетската криза која се случи уште на крајот  од минатата година, а сега и  кризата на истокот.

- АУДИО РЕКЛАМА -

WordPress хостинг со врвни перформанси за веб страни кои значат бизнис. 24/7 телефонска подршка.