Што е тоа што мажите најчесто прво го забележуваат кај жената во текот на сексуалниот однос?

Дали се сеќавате на оние денови кога со часови сте се подготвувале за првиот состанок со новиот партнер?

И, не само за состанок… По одредено време доаѓа момент кога ќе треба да размените нежност, а и мажите и жените се загрижени за тоа што партнерот прво ќе забележи на нив.

Google search engine

Никој не е идеален, сите имаме маани – затоа опуштете се и уживајте.

Сепак, магазинот „Man’s Health“ спровел истражување меѓу мажите за да утврди што е тоа што прво го забележуваат при интимниот однос со својата партнерка.

Кога станува збор за физичкиот изглед, можеби ќе се изненадите, но голем број од мажите кажале дека очите се тоа што им привлекува најголемо внимание кај партнерката. Сепак, важни им се и градите, но и задникот.

Тоа што најмногу може да ги возбуди е тоа што жената покажува во текот на водењето љубов, а тоа е иницијативата. Кога жената е расположена за секс, ништо друго не е важно.

Добрата предигра речиси гарантира и страстен секс, а доколку партнерите се опуштени и отворени, тоа е одлична прилика добро да се запознаат

Само оние парови кои ги познаваат своите партнери добро, можат да знаат како да ги задоволат во кревет.

Бидете отворени, јасно покажувајте што сакате. Работите со кои жените најчесто се оптоваруваат се целулитот, неколку влакненца кои им пораснале, вишок килограми – сето тоа е помалку важно.

Тоа што е најважно е да постои меѓусебна поврзаност, време одвоено само за тој чин и желба за достигнување оргазам – тогаш сè останато паѓа во втор план.

- АУДИО РЕКЛАМА -