Штетна навика при туширањето која ја уништува кожата

Многу луѓе при туширањето користат многу топла па дури и врела вода, а експертите велат дека тоа е штетно за кожата.

Дерматолозите велат дека лицето е најдобро да го миете со ладна или млака вода, а туширањето под врела вода треба да го избегнувате целосно.

Google search engine

Врелата вода ја суши кожата и ја лишува од нејзините природни и корисни масла. Тогаш таа станува сува и е поподложна на црвенило, дамки, осипи и слични проблеми.

Ладната вода е одлична за кожата.

Ладната вода ја поттикнува циркулацијата и прави кожата да изгледа поздрава. Не практикувајте врела вода доколку имате проблем со притисокот, бидејќи може да дојде до несвестица, особено доколку имате многу низок притисок.

- АУДИО РЕКЛАМА -