Шпигел јавува дека Германија донела огромна одлука во врска со Русија!

Германското Министерство за надворешни работи одлучи да прогласи 40 вработени во руската амбасада за персона нон грата, објави германскиот неделник „Шпигел“.

Оваа информација ја потврди и министерката за надворешни работи Аналена Бербок, без да го наведе бројот на руски дипломати кои ќе бидат протерани, пренесе Интерфакс.

Google search engine

Бурбок рече дека владата во Берлин одлучила да ги прогласи за непожелни „значителен број вработени во руската амбасада“, кои, како што наведе таа, „секојдневно работеле против нашата слобода и единството на нашето општество“.

„Нивната работа е закана за оние кои бараат наша заштита. Нема да го толерираме тоа“, рече Барбок.

Таа додаде дека за таа одлука денеска бил информиран рускиот амбасадор во Германија.