Шпанските медиуми: Пике ја изневерил Клара со 25-годишна адвокатка која е роднина на негов колега од Барселона

Жерард Пике, наводно, ја изневерил својата сегашна девојка Клара Чиа Марти со младата адвокатка Јулија Пуиг.

Шпанскиот новинар Жорди Мартин објави фотографија од Јулија на Инстаграм-стори и напиша: „Дали ја познаваш Жерард? Тогаш немој да се чудиш што Шакира го фрли цел свет врз тебе“, а шпанските медиуми веднаш објавија за новото наводно неверство на Пике.

Google search engine

Јулија Пуиг е 25-годишна адвокатка која работела во тимот на Пике за време на разделбата со Шакира, а исто така е роднина на Рики Пуиг, поранешниот соиграч на Пике во Барселона. Не се знае многу за неа, а откако Мартин ја пренесе приказната, Пуиг брзо го направи својот Инстаграм профил приватен.

Мартин внимателно ја следел приказната за Пике и Шакира и отворено ја поддржал колумбиската пејачка. Тој неколкупати го обвинил Пике за проблемите што се појавиле во животот на поранешниот фудбалер и Шакира.

Клара наводно се држи на дистанца од Пике

Откако беше објавена „одмаздничката“ песна на Шакира BZRP Music Sessions #53, се појавија извештаи дека Клара се држи подалеку од Пике за да го избегне медиумското внимание, а парот не е виден заедно со недели.

Да потсетиме, според приказните кои кружат на Интернет, Шакира наводно дознала дека Пике ја изневерува во нивната, сега веќе нејзина куќа, откривајќи празна тегла џем во фрижидерот.

Се вели дека односите меѓу Шакира и нејзината свекрва, која ѝ е сосетка, се влошиле, а доказ за тоа е куклата-вештерка што пејачката ја поставила на балконот и ја свртела кон куќата на нејзината поранешна свекрва, со која имала физичка пресметка.