Поранешниот шпански крал Хуан Карлос I (83) добил инјекција со женски хормони, бидејќи неговиот ненадеен сексуален нагон почнал да претставува опасност за државата, тврди поранешниот началник на полицијата во земјата, а пренесуваат странските медиуми.
Поранешниот полициски комесар Хозе Мануел Виљарехо (71) – кому му се суди за уцена и корупција, тврди дека на засрамениот поранешен шеф на државата шпанската тајна служба му давала дрога за да му го намали либидото.
Хозе Мануел Виљарехо на седницата на парламентот изјави дека засрамениот поранешен монарх, кој сега живее во луксузен хотел во Абу Даби, добил блокатори на тестостерон од шпанската тајна служба, откако неговото либидо било категоризирано како проблем што мора да се реши.
Членовите на седницата не можеа да поверуваат во неговите зборови, па гласно се смееја на обвинувањата на полицискиот комесар.
Тие мислат дека неговата приказна наликува на сценариото од последниот филм за Џејмс Бонд. Виљарехо тврди дека зад наводната идеја стои поранешниот шеф на Националниот разузнавачки центар (ЦНИ) и близок соработник на поранешниот монарх, Феликс Санса Ролдан.
Меѓутоа, во своето сведочење, Ролдан го негираше неговото тврдење дека има каква било вмешаност во давање на хормони, велејќи дека за тоа дознал само кога Хуан Карлос му кажал за неговата поранешна љубовница, Корина Зу Саин-Витгенштајн.
Виљарехо ја снимил неа во 2016 година, бидејќи признава дека луѓето од кралското семејство му дале на Хуан Карлос многу женски хормони, за да му го намалат либидото.
Се шпекулира дека кралот Хуан Карлос имал дури пет илјади љубовници за време на неговиот живот.
Му зедоа се, не можеше да биде со сопругата , вели бизнисменка која имала афера со него од 2004 до 2009 година за време на неговото владеење.
Поранешната љубовница на Карлос е вмешана во правна битка со него и шпанската ЦНИ поради случајот за перење пари во Швајцарија и нејзиното тврдење дека била незаконски ставена под надзор.
Веста за легендарното либидо на засрамениот поранешен крал, сепак, не е нова.
Беше објавена откако шпанскиот писател и воен историчар Амадео Мартинез Инглес напиша книга наречена Хуан Карлос: Крал на 5.000 љубовници, собирајќи докази за неговата сексуална историја.
Тој во книгата на споменатиот историчар е претставен како зависник од секс, бидејќи, според приказната од книгата, за само 6 месеци имал 62 љубовници, а за време на неговиот страствен период, меѓу 1976 и 1994 година, кралот спиел со 2.154 жени.
Жената која стручно го проучуваше шпанското кралско семејство, Пилар Ејр, ја потврди изјавата на Мартинез Инглс дека поранешниот крал, исто така, се обидел да има сексуални односи со принцезата Дијана кога имала 25 години.
Некои од неговите најпознати љубовници биле наводно данско-германската филантроп Корина Ларсен, шпанската пејачка Сара Монтиел, белгиската гувернерка Лилијан Сартиау, италијанската принцеза Марија Габриела од Савој.