Шпанија ќе го третира Ковид – 19 како грип, СЗО смета дека е прерано

Премиерот Педро Санчес изјави дека Шпанија планира да го промени начинот на следењето на ковид-19 и ги повика европските здравствени власти да почнат поинаку да го третираат, бидејќи смртноста е намалена.

„Постојат услови постепено и со претпазливост да отвориме дебата на техничко и европско ниво и да почнеме да ја оценуваме еволуцијата на оваа болест со различни параметри од досегашните“, кажа Санчес.

Google search engine

Според него, шпанската влада планира да ја следи еволуцијата на коронавирусот на начин на кој се следи и грипот, без да се регистрира секој случај на зараза и без задолжително да се тестираат сите кои имаат развиено симптоми.

Велика Британија истовремено објави дека луѓето кои немаат симптоми веќе нема да мора да прават ПЦР тест за да потврдат дека се позитивни на коронавирусот, туку брзиот тест ќе биде доволен.

Санчес смета дека е време ковид-19 да почне да се третира повеќе како ендемска болест, под што се подразбираат поблаги болести кои редовно се јавуваат, како што е грип и тој веќе да не се следи така детаљно.

Националниот институт за здравство на САД вели дека еден вирус преминува од пандемска во ендемска фаза кога тој не исчезнува целосно, туку губи на присутноста и сериозноста на долг временски период,

Светската здравствена организација смета дека сè уште е рано ковид-19 да почне да се третира како ендемско заболување.

„Сè уште сме далеку од тоа. Ендемичноста бара стабилна и предвидлива трансмисија, а сè уште има многу неизвесности околу овој вирус, кој брзо еволуира и создава нови предизвици. Сè уште не сме во точката кога ковид-19 би можеле да го наречеме ендемска болест и тоа тешко ќе се случи во 2022“, кажаа денеска од СЗО.

- АУДИО РЕКЛАМА -