Шпанците имаат потенцијален лек за коронавирусот

Од шпанската фармацевтска компанија „PharmaMar“ соопштила дека е потврдено дека нивниот лек „Plitidepsin“ може да биде потенцијално ефикасен во лечењето на Ковид-19.

Од шпанската фармацевтска компанија „PharmaMar“ соопштиле дека во стручното списание „Наука“ е објавена рецензија во која што потврдено е дека лекот „Plitidepsin“ може да биде ефикасен во претклиничкото лечење на Ковид-19.

Google search engine

Врз основа на научните истражувања спроведени во Њујорк, Сан Франциско и Париз, било докажано дека лекот помага да се намали ширењето на вирусот во телото на инфицираните животни и исто така да се намали концентрацијата на вирусот во белите дробови, исто кај животните кои што биле тестирани на истоимениот лек.

По денешното отворање на берзата, вредноста на акциите на компанијата „PharmaMar“ пораснала за 13 отсто и сега изнесува 98,5 евра, пренесува „Ројтерс“.