Шокатно тврдење на британски научник: Светот мораше да го знае тоа! Лансет криеше податоци за короната. Ќе беа спасени милиони животи

Научното списание Лансет, на почетокот на ширењето на пандемијата со ковид-19 имаше ексклузивен пристап кон научните дела што го потврдија пренесувањето на патогенот од човек на човек.

Но, британското списание го криеше тоа, пишува Дејли меил, повикувајќи се на книгата на британскиот научник Џереми Фарар.

Фарар истакна дека во Кина почнале да го свртуваат вниманието кон новиот вирус кон крајот на 2019 година, кога беа регистрирани првите случаи во Вухан.

Лансет очигледно бил под притисок на кинеските власти, кои не сакале да се шират информациите, тврди тој.

Според него, информациите што им беа познати на издавачите во моментот на избувнување на пандемијата, можеа да го запрат зголемувањето на бројот на заразени лица и да спасат милиони животи.

Сепак, Лансет не го објави првото истражување на кинеските лекари во моментите кога „секоја секунда беше важна“ и не ги прифати советите на водечките епидемиолози.

Фарар тврди дека списанието не ги обелоденило нути доказите дека вирусот може да го пренесат оние кои страдаат од корона без никакви симптоми.

Светот тоа мораше да открие веднаш. Брзината е можеби поважна од било што друго во време на епидемија, рече Фарар.