ШОКАНТНО ВИДЕО: Жена манијак турна друга жена под воз во Њујорк

Неверојатна и вознемирувачка видео снимка кружи низ светот, а на неа се гледа обид за убиство. Станува збор за инцидент кој е снимен од камерите на железничката станица во Њујорк.

29-годишна девојка е обвинета за обид за убиство „откако удрила невина жена во половината и ја фрлила под воз во текот на шпицот на станицата Тајмс Сквер“.

Google search engine

На шокантната снимка се гледа ужасниот инцидент кога жената е турната под возот кој доаѓал на метро станицата Тајмс Сквер во Њујорк, објави Дејли Мејл.

Според американските медиуми, жртвата, на возраст од 42 години, е префрлена во болница со тешки повреди на лицето и нозете, но е во добра состојба.

По напаѓачката полицијата од Њујорк се уште трага.