ШОКАНТНО ВИДЕО од обид за ВООРУЖЕН грабеж во обложувалница во ЧАИР! Повреден вработен

На социјалните мрежи се појави шокантно видео од обид за грабеж на спортска обложувалница во Чаир, кој можеше да заврши и трагично по животот на вработениот, но, за среќа, тој поминал само со повреди.

Само храброста на вработениот во обложувалницата била пречка крадецот да го испразни сефот и да си замине со планираниот плен. Со оглед на тоа дека крадецот бил вооружен со нож, вработениот завршил со повреди во левата рака и левата надлактица.

Google search engine

Од снимката може да се види дека настанот се случил овој месец, а подетални информации за инцидентот засега нема.