Шокантно тврдење на британски експерт: Германија беше предупредена за поплавите. Требаше само да им јават на луѓето

Германските власти беа предупредени на опасност од големи поплави, но не реагираа, тврди британскиот експерт за поплави Хана Клок.

Професор по хидрологија на Универзитетот во Ридинг за Тајмс изјави дека европскиот систем за рано предупредување од поплави – Ефас, издаде предупредување за Германија пред четири дена.

Реклама

Според неа, германските власти добиле детален дијаграм и им било покажано кои области се загрозени.

Тие добија предупредување и требаше тоа да го разберат и да ги предупредат граѓаните, вели Клок.

Фактот дека граѓаните не биле евакуирани или не добиле предупредување покажува дека нешто тргнало наопаку, вели таа.

Клок оцени дека станува збор за „монументален пропуст на германските власти“.

Во Германија досега загинаа 157 лица во големи поплави, но се стравува дека црниот биланс ќе биде поголем.

Таа земја се соочува со најголемата природна катастрофа во последните 60 години. Во околината на Келн на западот на Германија, поројот однесе над сто животи. Полицијата очекува да најдат повеќе жртви кога водата ќе се повлече. Армијата ги искористи сите расположливи ресурси во расчистувањето.

Реклама