Претходните извештаи откриле дека ајкули црноперки, кои може да пораснат и до два метри, веќе и претходно го посетувале ова подрачје. Од 2006-та па до денес, забележани се 23 напади на овие ајкули на луѓе.
Денот минат во вода е забавен начин да се победат горештините во Флорида, но мораме да бидеме и свесни за опасностите кои се кријат под водата, како и над неа, напишала канцеларијата на шерифот на округот Паска на Флорида. Предупредувањето е поврзано ајкулите црноперки кои ги има се повеќе на брегот на оваа држава, пишува „New York Post“.
„Нашите камери снимија видео од ајкули како пливаат во близина на островот Анклот на почетокот на оваа недела“, напишале покрај видеото.
За сите кои ќе се најдат во непријатна средба со ајкулите споделиле и неколку совети.
Претходните извештаи откриле дека ајкули црноперки, кои може да пораснат и до два метри, веќе и претходно го посетувале ова подрачје. Од 2006-та па до денес, забележани се 23 напади на овие ајкули на луѓе.
Последниот таков случај се случил во 2020-та година на брегот на Мајами, кога 31-годишен сурфер се здобил со тешки повреди на ногата при напад.