Шокантна снимка од Флорида: Ја ставил раката во вода, ајкула го повлекла и го фрлила од чамецот

Ајкула најверојатно го гризнала мажот откако ја спуштил раката во вода на југот на Флорида. Го повлекла толку силно што овој завршил во водата.

Во сцената како од филм, мажот, на подрачјето Еверглејдс на Флорида, бил гризнат и силно повлечен од ајкулата поради што завршил во вода.

Google search engine

Виралната снимка настанала минатата недела кога група мажи биле на риболов на југот на Флорида. Еден од нив во тој момент ја ставил раката над ајкулата, која го зграбила и повлекла.

„Фати го, фати го, фати го!“, може да се слушне како еден од мажите му довикува на пријателот за да го извлечат рибарот од вода.

Како што пренесува „USA Today“, ренџерите од националниот парк излегле на интервенција и му ги санирале повредите на мажот, но подоцна бил префрлен во болница. Не се знаат повеќе детали за неговите повреди.

Не е познато кој точно вид на ајкула го гризнала мажот, но на ова подрачје има бик-ајкули кои можат да преживеат во слатка вода. Се сметаат за најопасен вид поради честите напади на луѓе и агресивноста.