Уште во 2013 година, кога Стефан Лукиќ се појави на сцената на „Ѕвездите на Гранд“, многумина му предвидуваа успешна кариера поради неговиот неверојатен глас, а сега тој ги изненади сите.
Стефан Лукиќ го привлече вниманието на јавноста поради неговиот талент за музика и уште подобриот сценски настап, а конкуренцијата во „Ѕвездите на Гранд“ му донесе можност да настапува во многу клубови.
Младиот пејач од Крушевац сега одлучи да не биде повеќе маж, па веќе зборува за себе во женски род. Исто така, тој го промени своето име во Стефи Газела.
-Беше во долга врска, раскинаа бидејќи постојано напаѓаше други жени и сега станува жена. Сите сме во стравопочит. Никој не се ни сомневаше во вакво нешто. Ќе го напушти бендот со кој настапува долги години. Ќе го смени полот – вели добро упатен извор.
Како што понатаму наведува, Стефан носи многу обетки, се шминка, ја суши косата и генерално има женски навики кога е грижата и изгледот во прашање.
-Сега му е навреда ако некој му се обраќа во машки род, не се ни врти. Кога разговарате со него постојано вели: „Бев, сакав“ и слично. Сега ќе почне со хормоните, а потоа полека ќе ја закаже операцијата – вели добро упатен извор.