Шок одлука на кралот Чарлс по скандалозниот документарец на Хари и Меган: По бруталните обвиненија – никој не го очекуваше ова

Војводата и војвотката од Сасекс ќе бидат поканети на крунисувањето на кралот и покрај тврдењата што ги изнесоа против кралското семејство во документарниот филм на Нетфликс, објавија странските медиуми.

Хари и Меган ќе имаат место на историската церемонија на Чарлс на 6 мај, ако сакаат да присуствуваат, пишува „The Daily Telegraph“.

Google search engine

Списоците на гости за церемонијата во Вестминстерската опатија допрва треба да се изготват, но извор за новинарите рекол:

„Сите членови на семејството ќе бидат добредојдени“.

Бакингемската палата одбила ова да го искоментира, но изворот рекол за кралот: „Тој ги сака двата сина“.

Познато е и дека Хари и Меган сè уште не добиле покана.

Ниту Бакингем ниту палатата Кенсингтон не ги коментираа тврдењата на Хари дека принцот од Велс го оставил својот брат преплашен откако врескал и викал по него за време на состанокот во Сандрингам.

Хари, исто така, во својата контроверзна серија од шест дела тврди дека Кенсингтонската палата лажела за да го заштити неговиот брат.

Тој го обвини Чарлс дека лажел на напнатата кризна средба со кралицата за Мегзит, во јануари 2020 година.

Се вели дека Чарлс е повреден од критиките на Хари и Меган кон кралското семејство, но не се откажал од надежта дека ќе изгради мостови, објави „Daily Express“.

Се додава дека кралот не сака да им ги одземе титулите на Хари и Меган.

На церемонијата на крунисување на 6 мај, и Чарлс и Камила ќе бидат крунисани пред стотици гости во Вестминстерската опатија.

Палатата соопшти дека церемонијата ќе биде „вкоренета во долготрајната традиција и раскош“, но и „ја одразува улогата на монархот денес и гледа кон иднината“.