Шок детаљ! Помладата сестра на Коста била во училницата покрај таа во која тој убивал: Знае се и не престанува да плаче

Помладата сестра на масовниот убиец Коста К. (13) оди во истото основно училиште и во моментот на масакрот била во училницата покрај таа во која убивал нејзиниот брат.

Девојчето на возраст од 10 години, како што дознаваат медиумите, во придружба на психолог и социјални работници е префрлена во семејство на блиски роднини, каде ќе остане и наредните денови.

Google search engine

Таткото на убиецот Коста, како сопственик на оружјето со кое е направен масакрот, е уапсен и задржан во притвор, а и неговата мајка цел ден била во полиција каде по налог на обвинителството била испрашувана.

„Помладата сестра на детето убиец е во многу тешка состојба, таа не престанува да плаче, беше во училиштето кога се случи масакрот и знае се. Таа е префрлена во семејство на блиски роднини каде ќе остане и наредните денови. Обезбедена и е стручна поддршка од психолог, педагог и лекар“, велат од надлежните социјални служби.