Шефот на НАТО со брутална порака: ЕУ не е способна да се брани сама!

Земјите од Европската унија не се во состојба да обезбедат своја одбрана без Соединетите држави и НАТО, рече генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг на Интерпарламентарната конференција на ЕУ за одбрана и безбедност.

Европското единство не е во можност да го замени трансатлантското единство. ЕУ не е способна самостојно да ја заштити Европа. Повеќе од 90 жители на ЕУ живеат во земјите на НАТО, но земјите на ЕУ покриваат само околу 20 проценти од вкупните воени трошоци на земјите од НАТО, рече Столтенберг.

Google search engine

Според него, сите воени проекти на ЕУ треба да се реализираат исклучиво како додаток на проектите на НАТО. Столтенберг исто така го поздрави приклучувањето на САД во проект за воена мобилност во рамките на програмата на ЕУ за структурирано воено партнерство.

Ова ќе им овозможи на американската војска и оружје да се движат побрзо низ европска територија со цел да се обезбедат засилувања за борбените групи на НАТО во Источна Европа, истакна генералниот секретар на Алијансата.

Тој исто така предупреди дека противниците на Алијансата имаат тенденција да го нарушат трансатлантското единство.

Секој обид за одвојување на Америка од Европа ќе го ослаби НАТО, но исто така ќе ја ослаби и Европа. Верувам само во трансатлантско единство, рече Столтенберг