Шефот на НАСА во интервју ја отвора душата за вонземјаните, мултипросторот и НЛО (ВИДЕО)

Шефот на НАСА, Бил Нелсон, во неодамнешно интервју со универзитетски професор, зборуваше не само за идејата за вонземски живот, туку и за вистинскиот мултиверзум.

Мое лично мислење е дека универзумот е многу голем, а сега има теории дека има и други универзуми. Ако е така, кој сум јас да кажам дека планетата Земја е единствената локација со форма на живот кој е цивилизиран и организиран како нас?, им рече Нелсон на студентите.

Google search engine

Во разговор со професор по политика на Универзитетот во Вирџинија, шефот на НАСА додаде дека верува дека во вселената има и други планети како нашата.

Се разбира дека мислам така, бидејќи универзумот е толку голем, рече Нелсон.

Нелсон е застапник на вселенските програми од почетокот на неговата политичка кариера во 1970-тите. Всушност, тој самиот веќе бил во вселената, како дел од програмата Спејс шатл на НАСА, односно летал во вселената со Спејс шатлот Колумбија, каде што поминал шест дена со уште шест астронаути во јануари 1986 година.

Во истиот разговор Нелсон се осврна и на темата за сведочењето на средбата меѓу припадниците на американската војска и НЛО. Тој рече дека е застрашувачко да се мисли дека потенцијалниот непријател има пристап до технологија која САД ја немаат.

Тие не знаат што е тоа, и ние не знаеме што е тоа. Се надеваме дека не е непријател овде на Земјата кој има таков вид технологија. Но, нешто е, рече Нелсон.

Затоа, нашата постојана мисија е константно да бараме кој има се таму во вселената. Кои сме ние? Како стигнавме овде? Како станавме тоа што сме? Како се развивме? Како се цивилизиравме? Дали постојат такви исти услови таму некаде во универзумот, кој има милијарди други сонца во милијарди други галаксии. За мене универзумот е незамисливо голем, истакна Нелсон.

ПретходнаДали секој газда е „спремен“ да исплати минималец од 300 евра
СледнаСерија земјотреси со епицентар во Албанија утрово ја разбудија и Македонија