Шефот на ЕУ дипломатија после студениот туш во Москва: Загрижен сум, ова е тажно…

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел по враќањето вчера од Москва изјави дека е многу загрижен поради одбивањето на руските власти да воспостават конструктивен дијалог со Европската унија и ги повика европските челници да преземат „понатамошни чекори“, вклучувајќи ја можноста за воведување на санкции.

„Руските власти не сакаа да ја искористат приликата за конструктивен дијалог со Европската унија. Тоа е тажно и поради тоа мораме да преземеме понатамошни чекори“, изјави високиот претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика.

Google search engine

„Земјите членки ќе одлучат за понатамошните мерки и тие би можеле да вклучуваат и санкции“, изјави Борел по враќањето од Москва.

Министрите за надворешни работи на Европската унија треба да се состанат на 22-ри февруари за да одлучат што понатаму после посетата на Борел на Москва и неговите разговори со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, во кои Кремљ ги одби барањата за ослободување на опозиционерот Алексеј Навални.

Одлуката за воведување на санкции мора да се донесе едногласно на предлог на земјите членки на Европската унија.

Челникот на европската дипломатија не може ништо да предложи, туку може да даде само препорака, нешто што веќе го направи во својот извештај за посетата на Москва и средбата со руските власти.

„Се вратив во Брисел многу загрижен за иднината на развојот на руското општество и за геостратешките одлуки на Русија“, изјави Борел и додаде:

„Мојата средба со министерот Лавров и пораките кои руските власти ми ги испратија за време на посетата потврдија дека Европа и Русија се оддалечуваат. Се чини дека Русија целосно се одвојува од Европа и на демократските вредности гледа како на една егзистенцијална закана“, изјави Борел.

- АУДИО РЕКЛАМА -

WordPress хостинг со врвни перформанси за веб страни кои значат бизнис. 24/7 телефонска подршка.