Шансите да се заразите со новиот вид на Ковид-19, Омикрон, се три пати поголеми во споредба со предходните видови

Од новиот вид на Ковид-19 вирусот, Омикрон постои трипати поголем ризик од повторна инфекција од моментално доминантниот вид Делта и Бета, соопштија група јужноафрикански здравствени тела.

Јужноафриканскиот центар за епидемиолошко моделирање и анализа, заедно со Националниот институт за заразни болести, соопштија дека најновите наоди обезбедуваат епидемиолошки докази за способноста на Омикрон да го избегне имунитетот од претходни инфекции.

Нивното соопштение беше објавено откако група јужноафрикански здравствени организации објавија прелиминарна верзија на трудот, која беше претставена на научната јавност, која треба да го анализира и одобри пред да биде објавен во научно списание.