Севернокорејските војници како терминатори: Kршат бетонски тули со глава и виткаат железни шипки со голи раце (ВИДЕО)

Севернокорејските државни медиуми објавија видео на кое се гледа како војници кршат бетонски блокови со главa и раце и како виткаат челични шипки.

Снимката е направена на парада на која беа претставени одбранбените способности на армијата одржана во Пјонгјанг, а меѓу гледачите е и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Google search engine

На снимката се гледа како војници уништуваат бетонски блокови со главa и раце и лежат на парчиња стакло.

Севернокорејските медиуми наведуваат дека парадата била организирана со цел да им се покаже на непријателите дека војниците имаат железни тупаници со кои го штитат мирот.