Гувернерот на Луганск, регион во источна Украина, утринава најави дека преостанатите бранители на Северодонецк мора да се повлечат од тој клучен град.
Бесмислено е да се остане на позиции кои се искршени на парчиња само за да се остане“, изјави Сергеј Хајдаи за украинската телевизија.
„За жал, мораме да ја отстраниме нашата војска од Северодоњецк, останатото нема смисла. Бројот на загинати расте“, објави утрово Хајдај на Телеграм, додавајќи дека 90 отсто од куќите во Северодонецк се уништени или сериозно оштетени.