Сертификатите за ковид се продолжуваат за уште една година

Европскиот парламент и европските влади се согласија во понеделникот вечерта за правилата за ковид потврди ќе останат во сила во следните 12 месеци бидејќи пандемијата на коронавирус сè уште трае.

Претставниците на Европскиот парламент и владите на ЕУ се согласија да ја продолжат регулативата до 30 јуни 2023 година, соопшти француското претседателство со Советот на ЕУ, додавајќи дека регулативата може да биде отповикана пред тој рок, доколку здравствената состојба дозволи.

Реклама

Сертификатите се наменети да го олеснат слободното движење на луѓето за време на пандемија.

Со помош на QR-код, сертификатот може да се користи за да се докаже дали некое лице е вакцинирано против коронавирус, дали е негативно тестирано за коронавирус или дали се опоравило од ковид-19.

Дигиталната верзија може да се зачува на мобилен уред.

Во февруари, Европската комисија предложи продолжување на регулативата за сертификатите на ковид.

„Вирусот што предизвикува Ковид-19 сè уште е распространет во Европа и во оваа фаза не е можно да се утврди влијанието на можното ширење на инфекцијата во втората половина на 2022 година или појавата на нови варијанти“, соопшти Комисијата.

Проширувањето на регулативата им овозможува на патниците да продолжат да го користат својот сертификат за коронавирус доколку земјите-членки задржат одредени мерки за јавно здравје.

Реклама