Сериозни обвиненија против славниот дизајнер: „Нè дрогираше, злоставуваше и силуваше…“

Модниот дизајнер Александер Ванг е обвинет за сексуални напади и злоставувања.

Сè започнало кон крајот на минатата година на Инстаграм профилот @ShitModelMgmt кој што ги изнел „валканите работи“ од модниот свет и објавил дека Ванг е сексуален предатор.

Google search engine

На профилот биле споделени повеќе анонимни пораки во кои што луѓето пишувале дека Ванг ги дрогирал против нивна волја, ги злоставувал и силувал.

Дизајнерот Овен Мани го обвинил Ванг дека непримерно го допирал во ноќен клуб во 2017-та година.

Кога Ванг ја покренал својата кампања во 2007-та година веднаш се прославил. Две години подоцна CFDA му доделила годишна награда Сваровски за дизајн на женска облека, истакнувајќи ја неговата естетика.

Креативниот директор на „Balenciaga“ за што бил именуван во текот на 2012-та година станал еден од ретките Американци на врвот на парискиот луксузен моден бренд.

Познатите дами ги избирале неговите дизајни за најпопуларните забави, како Мет Гала, а Ванг со нив присуствувал на црвените теписи и така ја стекнал својата слава.

Првите гласини дека кон другите се однесува на непримерен начин се појавиле во 2017-та година. Тогаш за сексуално злоставување го обвинувале транссексуалците.

Флоренс Велч во 2016-та година за „Vanity Fair“ раскажал дека Ванг неретко на луѓето им давал вотка лажејќи ги дека е вода, нарекувајќи го тоа „трик за забава“.

Азеалиа Бенкс во 2019-та година објавила снимка на која што Ванг непримерно допира транссексуална жена.

 

Откако за приказната се заинтригирал и „Vogue“, се огласил и Ванг:

„Прво сакам да им се обратам на луѓето кои што ми помогнаа да го изградам овој бренд во тоа што е денеска и да кажам нешто за лажните, измислени и воглавно анонимни обвиненија против мене. Иако отсекогаш сум бил активен во социјалниот живот и одев на забави, никогаш не сум искористувал дрога во сексуална смисла ниту пак сум присилувал некој на такво нешто.

Никогаш не сум го користел својот статус и слава за тоа. Овие обвиненија почнаа на социјалните мрежи, а ги покренаа профилите кои што не ја почитуваат важноста на доказите и проверените информации. Приоритет ми е да докажам дека овие обвиненија се лажни и дека се поттикнати од опортунистички мотиви. Важно е да се подигне гласот, но важно е и обвиненијата да не се вистинити. Нашиот тим ги истражува овие обвиненија и верувам дека ќе останеме искрени и транспарентни на тој процес. Среќни сме што имаме поддршка од сите страни, сакаме да се заблагодариме многу“, изјавил дизајнерот.