Рускиот претседател го чуваат припадници на Федералната служба за обезбедување (ФСО). Станува збор за најтаинствената специјална служба на Русија со широк спектар на делување, но една клучна цел – заштита на претседателот Владимир Путин.
Оваа специјална служба влече корени од познатиот Деветти директорат на поранешен „КГБ“, а службата е толку таинствена, што сите сознанија најчесто се базираат на претпоставки.
Припадниците на службата неретко ги нарекуваат „сенки“ или „духови“, а јавноста не добива апсолутно никакви информации за нив. Точниот број на припадници на „ФСО“ не е познат, како ниту на лицата кои работат во „длабока илегала“.
Припадниците на „ФСО“ ја чуваат и познатата „Чегет“ актовка во која се наоѓаат управувачките контроли за нуклеарното вооружување на Русија и многумина ја нарекуваат „актовката на смртта“.
Рускиот весник „Новаја Газета“ тврди дека „ФСО“ располага со најмалку двајца двојници на Путин.
Припадниците на оваа единица имаат овластувања да вршат истраги, да прислушкуваат разговори, да отвораат писма, да приведуваат граѓани, да претресуваат станови и да конфискуваат возила без никаков налог.
Тоа што е познато е дека „ФСО“ денес ги извршува сите задачи кои некогаш со сурови методи ги вршеле припадниците на советски „КГБ“. Никој не е недопирлив, а под константен надзор се дури и министрите и гувернерите.