Семејството бара слобода за битолчанецот кој го застрела поранешниот зет бранејќи ја ќерката

Семејството на Тони Ѓоргиевски Фердо, кој е обвинет за убиство со умисла, затоа што го застрела поранешниот зет за ќерка кој со нож насилно му упадна во домот, бара да се укине мерката притвор и осмничениот да се брани од слобода.

Нему денес му е определена мерка притвор од 30 дена, а синот повика на мирен протест кој ќе се одржи утре во 12 часот пред Основниот суд во Битола.

Google search engine

-Драги пријатели, добри намерници и сите што ја знаете вистината за татко ми кој го бранеше своето семејство од 20 годишните маки. Ве повикувам на 23.02.2022 година во 12:00 часот на мирен протест пред судот во Битола поради одлуката на судот да ми го приведе тато и истиот да биде пуштен дома да се брани од слобода за дело што самиот го направил -одбрана да спаси пет животи и неговиот, напиша синот Јоцо.

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против Ѓоргиевски за Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.

-Осомничениот, на 21 феавруари, со умисла го лишил од живот неговиот зет за ќерка. Според првичните сознанија, сега починатиот, вооружен со долг нож, започнал да удира со клоци по дрвената влезна врата од домот на осомничениот и ја скршил. Штом влегол во домот, во претсобјето бил пречекан од осомничениот кој пукал директно во него со пиштол „Бајкал“ што го поседувал со дозвола. Го застрелал со два последователни истрели, па оштетениот веднаш паднал и починал на лице место. По настанот, јавен обвинител изврши увид и издаде наредби за обдукција на телото на починатиот, за прибирање траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење, како и за обезбедување на снимки од видеонадзор на објектот. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, оценувајќи дека постои опасност да се даде во бегство или да влијае врз сведоците, рекоа од ОЈО.​​

ПретходнаКомисијата за заразни болести предлага укинивање на ковид-сертификатите при излез од државата
СледнаВистински хорор во Макеоднија: Врати се ФИЛИП ПУКААТ! Прободе еден полицаец, па прегази двајца (Видео)