Google search engine

Села: Се копаат криптовалути во училишта раководени од ДУИ!

Лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села во синоќешното гостување на ТВ 21 обвини дека се копаат криптовалути во училишта чии директори се поставени од ДУИ.

-Имам информации дека во училишта кои се раководени од ДУИ се копаат криптовалути, каде е полицијата и што преземаат институциите?, праша Села.

Google search engine

Тој додаде дека кога ќе има повеќе и конкретни информации и имиња, ќе излезе со детали за обвинувањето на прес-конференција.