Никол Вилијамс заедно со другите манекенки позирала во најновите модели на нејзините костими за капење на палуба на луксузна јахта.
Никол Вилијамс (35), славата ја стекна во текот на реалити шоуто „WAGS“ за девојките, верениците и сопругите на познатите спортисти, а потоа продолжила да привлекува внимание со своите сексапилни објави на социјалната мрежа Инстаграм и работата во модната индустрија.
Атрактивната Канаѓанка освен што се занимава со манекенство има и своја линија на костими за капење, а најновата колекција ја претставила на интересен начин, па очигледно е дека оставила добар впечаток кај публиката.
Имено, Никол во Лос Анџелес на луксузна јахта со останатите свои колешки ги промовирале новите модели од линијата за костими за капење.

Девојките позирале на палубата од јахтата, а Вилијам се истакнала меѓу нив поради тоа што носела црвено-бело бикини чиј долен дел изгледал навистина предизвикувачки.
Притоа, таа го покажала и своето совршено затегнато тело.
Инаку, Никол од 2017 година е во брак со поранешниот спортист во американски фудбал Лари Енглиш (35).



