Секс скандал тресе католичко училиште: Како наставничка искористила малолетник

Американката Кориса Мекалистер (21), наставничка во една католичко средно училиште во Охајо, била уапсена бидејќи имала секс со малолетен ученик. Поради тој сексуален престап на Мекалистер сега и се закануваат до пет години затвори и парична казна од 5.000 долари.

Управата на Централното католичко средно училиште во градот Стубенвил, каде Мекалистер предавала шпански јазик и била тренер по крос кантри и асистент тренер по атлетика, соопштила дека за инцидентот дознала на 21-ви април. Тогаш во училиштето дошла мајката на ученикот и раскажала дека синот и кажал дека на 30-ти март имал секс со наставничката. Училиштето веднаш ги известило сите ученици за инцидентот, а Мекалистер била суспендирана од работа.

Google search engine

“Мекалистер го носела тинејџерот дома од еден атлетски митинг, одржан во училиштето Едисон Локал на 30-ти март. Попатно застанала на напуштен саемски простор во Кадиз, каде го паркирала автомобилот и во него имала секс со малолетникот”, рекол шериф Мајерс.

Два дена откако се дознало за овој скандал, поднесено било обвинение против Мекалистер и таа е уапсена. Во меѓувреме со кауција од 100.000 долари била пуштена да се брани од слобода, а судењето би требало да биде одржано во јуни. Доколку биде осудена, според законите на државата Охајо, и се закануваат до пет години затвор и парична казна од 5.000 долари.

За се била известена и бискупијата на Католичката црква во Стубенвил, која го финансира училиштето. Бискупот Џефри Монфортон рекол дека е шокиран со тоа што се случило.

Ќе се молам за детето, за неговото семејство, како и за сите деца од Централното католичко средно училиште и нивните родители – рекол Монфортон и додал дека бискупијата ќе им пружи помош на сите на кои таа им е потребна.

Кориса Мекалистер, според наводите на медиумите во САД, била меѓу најдобрите студентки на факултет. Студирала на Универзитетот Лорето во Пенсилванија и минатата година дипломирала шпански јазик. Добила дури и награда од Шпанија за најдобар странски студент по шпански јазик.

Во текот на студиите се занимавала со атлетика и постојано добивала медали на натпреварувањата.