Секс сцените не ѝ биле проблем, но она што морала да го прави целосно гола за време на снимањето…

Марион Котијар и Адам Драјвер се главни ѕвезди во новиот мјузикл на Леос Каракс, „Anette“, а првите детали од очекуваниот филм ги откри главната актерка.

Котијар во една сцена се појавува како од мајка родена, а неодамна раскажала се за предизвиците со кои се соочила.

Google search engine

Имено, актерката успеала да пее додека плива, пуши цигара, се тушира, но и за време на секс сцена. Сите сцени на пеење ги снимила во живо, а секс сцената веројатно е и прва таква снимена без матрица.

„Мислам дека би била многу фрустрирана дококку претходно студиски ги снимив сите песни и потоа само би ја отворала устата во текот на снимањето на филмот. Беше возбудливо да се пее во живо, но и многу стресно. Во текот на пеењето, целото тело е во погон, а ретко кога пејачите прават било какви други нешта освен самото пеење, што не беше случај во текот на снимањата“, раскажала Марион за „Indie Wire“.

Додала и дека токму тоа го сакал режисерот – да се направи баланс помеѓу емоциите и звукот, телесната акција. Котијар инаку во филмот ја глуми оперската пејачка додека нејзиниот колега Адам Драјвер глуми комичар социопат.

Гласот на Марион во постпродукција бил засилен со гласот на оперската дива Кетрин Тротман, но таа не се бунела за тоа.

„За мене беше посебно тоа што токму на неа ѝ дадов подлога за пеење. Се зближивме во текот на снимањето и многу сум горда на се што направив“, изјавила актерката.