„Седум милијарди луѓе на светот, а ти ме избра баш мене“: ММА борачот нокаутирал човек во бар

Поранешниот ММА борач и кик-боксер Џо Шилинг нокаутирал човек во бар, откако случајно се судрил со него.

На снимката која се шири на социјалните мрежи, јасно може да се види човекот кој случајно се судира со борачот додека е свртен со грб. Шилинг само поминува, меѓутоа, човекот почнал нешто да му зборува што резултирало со брз нокаут.

Google search engine

Не е познато кога снимката настанала ниту пак деталите околу овој нокаут, како ни дали реагирала полицијата.

Потоа се огласил и поранешниот кик-боксер на својот Инстаграм профил:

„Самоодбраната не е тоа што ја интересира оваа држава, не грижете се. Добив поддршка и благодарам на загриженоста и поддршката која ми ја дадовте во текот на ова искуство каде животот ми беше во опасност“, напишал Џо на својот Инстаграм профил.

Набрзо потоа, следела уште една објава во која тој само кратко напишал:

„На овој свет има седум милијарди луѓе, а ти ме избра баш мене“.

И, на крајот поставил уште една фотографија на која може да се види разговорот од него и девојката која му заблагодарила на таквиот нокаут поради тоа што како што рекла човекот од снимката долго време психички ја малтретирал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joe Schilling 🦍 (@joe_schilling)

ПретходнаУкраински политичар: Ќе не поделат, како што ја поделија Југославија
СледнаКолку треба да издвоите за одмор во Грција? Од сместување до гиро – ова се цените оваа година