Се вакцинирате, па избирате: Џоинт, порција јастог или пари

Низ целиот свет, граѓаните се мотивираат на вакцинирање со делење пари или дури и порција телешко, јастог или џоинт.

Експертите велат дека во секое општество има многу неодлучни или мрзливи да ја примат вакцината. Овие активности се насочени кон нив.

Google search engine

Во Соединетите држави, скоро половина од граѓаните примиле барем една доза на вакцина, а околу 38 проценти ја примиле и втората.

Но, сега бројот на вакцини далеку ја надминува побарувачката. Затоа активистите, властите и компаниите веќе некое време се обидуваат да ги мотивираат луѓето да дојдат на вакцинација – дури и со невообичаени постапки.

Властите на американската сојузна држава Охајо секоја недела организираат лотарија – граѓаните кои биле вакцинирани можат да освојат милион долари. Во Њујорк, на крајот на април, секое лице кое ја примило првата доза на вакцината има право на бесплатен џоинт.

Државата Мејн додели бесплатни дозволи за лов за оние кои се вакцинираа, а градот Њу Орлеанс делеше по половина килограм јастог.

Во другите делови на светот, се развиваат креативни идеи за зголемување на бројот на вакцинирани. Во Рајкот, Индија, златарите им даваат на вакцинираните луѓе златни украси за носот, а во Трансилванија, Романија, можно е да се примат вакцините и во замокот на Дракула.

Иако некои од овие стимулации се бизарни на прв поглед, овој пристап не е ништо ново. „Имаше слични активности уште во почетокот на 19 век кога луѓето беа вакцинирани против сипаници“, вели Малта Тисен, историчар по медицина. „И тогаш, вакцината беше нова, а скептицизмот беше доста голем. Затоа властите дистрибуираа прехранбени производи, даваа слатки или дури медали како потврда за вакцинација“.

ПретходнаСекој ден пијте по една чаша – Моќен напиток кој го намалува холестеролот
СледнаНа Инстаграм го покажале својот талент за танцување, а сега сите сакаат приватни часови…