Се стопи најстарото парче снег во Велика Британија, какво значење има тоа според метеоролозите

Парчето снег наречено „Сфинкс“, кое се наоѓа на шкотската планина Брејријек, се смета за најдолготрајниот снег во Велика Британија. Во последните 300 години се стопи само 8 пати.

Според записите, Сфинкс претходно целосно се стопила во текот на летото 1933, 1959, 1996, 2003, 2006, 2017 и 2018 година.

Google search engine

Се верува дека до 1933 година, последен пат целосно се растопис во 18 век.

Сфинкс во последните недели се намали до големина на хартија А4, пред целосно да исчезне поради топлото време, пишува Би-Би-Си.

Се наоѓа во вдлабнатина формирана од глечер во последното ледено доба, на 1296 метри надморска височина.