Врсничките ја избоделе Луиз 32 пати и тоа со турпија за нокти и на тој начин ја убиле. Нејзиното тело било пронајдено во близина на нејзиниот дом во Германија.
Две девојчиња на возраст од 12 и 13 години го признале убиството на 12-годишната Луиз Фриш, која е пронајдена мртва во близина на својот дом во Германија. Луиз и 13-годишното девојче обвинето за нејзиното убиство се појавуваат на снимка објавена на социјалната мрежа ТикТок, пишува „Daily Mail“.
На снимката се гледаат Луиз и уште една девојка како пијат леден чај и носат заштитна маска. Како што пренесува „Daily Mail“, снимката настанала во текот на карантинот воведен поради пандемијата на коронавирусот. Исто така се дознава дека неколку часа откако било пронајдено телото на Луиз на 12-ти март, 13-годишната девојка објавила снимка на која се гледа како танцува.
Потсетуваме, две девојчиња од 12 и 13 години го признале убиството на 12-годишната Фриш, која во неделата е пронајдена мртва во близина на својот дом во Фројденберг во сојузната држава Северна Рајна-Вестфалија. Како што пренесува британски „Mirror“, девојчињата својата врсничка ја избоделе со турпија за нокти и тоа 32 пати. Се наведува дека можен мотив за убиството е расправија околу момче или поради тоа што девојчето го исмејувало семејството на една од обвинетите.
„Девојчињата по првото испрашување дадоа спротивставени изјави, а по второто испрашување го признаа злосторството“, рекла портпаролката на полицијата во Кобленц. Девојките нема да бидат кривично одговорни за убиството на Луиз бидејќи минималната старосна граница за кривична одговорност во Германија е 14 години.
„Тоа не значи дека нема ништо да им се случи. Сега се во рацете на Младинскиот центар“, рекол државниот обвинител Марио Манвајлер.
Луиз исчезнала во саботата додека одела дома. Пријавено е нејзино исчезнување бидејќи не дошла дома, а не се ни јавувала на телефон. Нејзиното тело е пронајдено во неделата во близина на железнички тунел. „Daily Mail“ пренесува дека сите три девојчиња оделе во средното училиште Естер Бежарано во Фројденберг и дека наводно биле најдобри пријателки.
Таткото на 12-годишното девојче кое е осомничено за убиството работи во банка и е член на селски бенд во кој свири на воена труба. Семејството живее во двокатна куќа на работ на Фројденберг. Луиз била убиена откако присуствувала на роденден во таа куќа. Се претпоставува дека таму и спиела. Осомничената 12-годишна девојка таму живеела со своите родители, дедо и двајца браќа и естри.
Менаџер на едно кафуле во Фројденберг изјавил дека секојдневно ја гледал 13-годишната девојка обвинета за убиството на Луиз. „Беше како сите девојчиња на таа возраст. Слатка и невина. Барем така изгледаше“, рекол сопственикот на кафулето.
„Често доаѓаше во кафулето да земе храна за себе и својот дедо“, додава менаџерот. „Бевме шокирани. Тие се само деца. Кој знае што им било ако прободеле некого повеќе од 30 пати. Тоа е страшно“, додал тој.
Ако деца постари од седум години намерно направат нешто противзаконско, против нив може да се поднесе граѓанска тужба. Во тој случај судот би ја утврдил паричната казна, а девојките би почнале да ја плаќаат кога ќе се вработат. Рокот за исплата на надоместот може да биде и до 30 години. На осомничените девојки им е укажана психијатриска помош, а можно е тие и нивните семејства да добијат нови идентитети.