Се сеќавате ли како изгледаа кујните и бањите во времето на Југославија? Мирис на љубов и топлина на домот

Со Југославија си заминаа некои, веројатно, посреќни времиња, за кои во многумина се буди носталгија денес кога е сè значајно поинаку.

Еден од најдобрите прикази како некогаш се живееше е изгледот на просториите во старите куќи кои, иако не се модерни, оставаат впечаток на среќен и топол дом.

Google search engine

За некои фотографиите настанати во старите времиња се само обично парче хартија, додека за другите се доказ за живот од кој денес сме оддалечени на сите можни начини.

Сепак, секогаш е убаво да се присетиме на тоа како се живееше тогаш кога се ценеа некои други вредности и кога немаше поединечни нешта како технологии кои денес заземаат голем дел од нашиот свет.

Некои сцени кои нè потсетија на тоа се и оние кои прикажуваат како некогаш изгледале кујните и бањите во југословенските домови.

Тапети со мотиви, старински кујнски елементи каде ги нема сите оние уреди кои нѝ „заштедуваат“ време и го олеснуваат готвењето, лимени кутии во кои се чуваа кафето, чајот и зачините, дрвена трпезариска маса со чаршафи кои некогаш беа популарни… сето тоа се детали кои многумина ги враќаат во минатото.

Многумина заклучиле дека некогашните кујни беа поквалитетни од денешните, но и дека „мирисаа на љубов“.

„Скромно, со многу вкус и многу убаво. Имав таква кујна, квалитетот беше повеќе од добар“, гласи коментарот под објавата на Фејсбук страницата „Nostalgija“.

„Кујните тогаш мирисаа на храна, на топлина на семејниот дом. Сега сите се тркаат чија кујна ќе биде поголема и поубава, а никој не прави ручек“, додал еден корисник.

На фотографијата на некогашните бањи се препознатливи старите ормарчиња со огледало над мијалникот, додека разликата е видлива и кога станува збор за кадата, но и машината за перење која некои генерации ги потсетува на замрзнувач.

Луѓето забележуваат дека имањето бања некогаш беше луксуз.

„Се имаше кујна, а во неа и се спиеше и се капеше бидејќи не сите во тоа време имаа бањи. Но, токму таа скромност нè држеше заедно“, гласи еден коментар.

Покрај носталгичните фотографии, многумина признале дека, од бројните модерни и современи опреми, сепак поважно е домот да не биде „ладен“ и сè да биде чисто и уредно.