Огромниот ледник А-68А, кој пловел по Јужниот Атлантик, се распаднал на неколку парчиња, околу три и пол години по појавувањето, објавила Европската вселенска агенција “ESA” која го следи движењето на “џинот” преку сателит.
Ледникот бил на пат кон островот Јужна Џорџија, на тој начин претставувајќи закана за екосистемот на оваа британска прекуморска територија. Сега кога се распаднал, научниците сметаат дека закана повеќе не постои. Главниот дел сега е долг 60, а широк 22 километри.
А-68А веќе ја променил насоката и изгубил повеќе делови во декември, меѓутоа, било нејасно како ќе заврши.
Според “ESA-1”, минатата недела на него биле откриено нови големи пукнатини и потоа се распаднал во мали ледници.
“Главниот А-68А ледник се движи кон југ и моментално е на околу 225 километри од Јужна Џорџија”, се наведува во соопштението. Забележано е дека помалите ледници се оддалечуваат од главниот, но се оддалечуваат и меѓусебно.
Is this the end of the #A68 A iceberg?
Short answer: YES.
For the long answer➡️ follow this thread!📷 @CopernicusEU #Sentinel1 capture of the various A-68 pieces on 1 February pic.twitter.com/DhYfpGwK0U
— ESA EarthObservation (@ESA_EO) February 3, 2021
Доближувањето на ледникот до тој далечен остров предизвикало стравување дека би можел да се заглави на брегот по што неговата студена слатка вода ви влијаела на кревкиот екосистем на остров.
Научниците посебно ги загрижувала судбината на пингвините на островот.

Ледникот се одвоил од ледената плоча Ларсен-Ц на источниот брег на Антарктичкиот полустров во јули 2017-та година.
Сметан е за едне од најголемите познати ледници во поновата историја пред да изгуби неколку свои делови минатите години.