Се појавила топлес на црвениот тепих: Градите ги прекрила со налепници, а ни остатокот од изданието не покривал многу

26-годишната американска музичарка Самер Вокер го украла целото внимание на свеченото доделување на „BET“ наградите поради своето разголено издание.

Таа на црвениот тепих се појавила топлес, а градите ги прекрила само со златни налепници и дополнително ги истакнала со накит. Ниту остатокот од нејзиниот аутфит не покривал многу – Самер носела мини здолниште од златни реси кое ги истакнувало нејзините тетовирани нозе.

Реклама

Вокер се пофалила со изгледот и на Инстаграм на кој има повеќе од 4,6 милиони следбеници, а обожавателите ја опсипале со комплименти и лајкови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Awkward Kween 🤍 (@summerwalker)

Освен градите, во фокус се нашол и нејзиниот труднички стомак. Имено, Самер неодамна откри дека го очекува своето второ дете, а татко на детето е раперот „LVRD Pharaon“ со кој е во врска од крајот на минатата година.

Музичарката од врската со раперот „London on da Track“ ја има ќерката Баблс, која е родена во март минатата година.

Реклама