Се појавила снимка од падот на борбениот авион на американскиот носач (Видео)

Снимката од падот на американскиот борбен авион на носачот “USS Carl Vinson” била објавена на социјалните мрежи.

Станува збор за борбениот авион “F-35C”, кој по вежбите при обидот за слетување се урнал на носачот на авиони “USS Carl Vinson” и потоа паднал во Јужнокинеското море.

Google search engine

Пилотот во меѓувреме успеал да се катапултира и бил спасен со хеликоптер.

Инцидентот се случил на 24-ти јануари, а на палубата на носачот повредени биле шест морнари.

Новата видео снимка од носачот прикажува како “F-35C” се приближување бродот, додека во позадина се слуша гласот на контролорот за лет кој му вели на пилотот да се откаже од слетување. Меѓутоа, авионот удрил на палубата, излизгал понатаму и паднал од носачот во морето. Исто така, некои делови од авионот отпаднале, а на снимката се гледа и дека леталото гори.

ПретходнаМакрон ѝ удри шлаканица на Америка – ги поддржува Путин и Русија
СледнаШто вози Путин приватно?