Се појавија шокантни снимки од лабораторијата во Вухан. Нов доказ за ковид-19!? (видео)

Официјално видео од мај 2017 година, од Кинеската академија на науките, до кое дојде Sky News, покажува лилјаци во кафези во Институтот во Вухан пред четири години.

На видеото се гледа како научникот ги храни лилјаците со црви. Додека земјите-членки на Г7 бараат втора фаза од истрагата за потеклото на ковид 19, некои медиуми објавија нови снимки на кои се тврди дека се прикажани живи лилјаци чувани во Вухан, иако СЗО таквата можност ја нарече теорија на заговор.

Google search engine

Лабораторијата од Вухан е главната приказна откако тогашниот американски претседател Доналд Трамп рече дека ковид 19 не преминал, како што веруваат многу научници, од лилјак на човек преку непознат преносител, туку дека протекол од лабораторијата во Вухан.

Првите резултати од заедничката истрага на СЗО и Кина ги демантираа овие тврдења, објаснувајќи дека е малку веројатно дека вирусот протекол и дека приказните дека лилјаците се чуваат во институтот се „грешка“.

Ниту еден лилјак не е испратен во лабораторија во Вухан за генетска анализа на вирусот. Науката не работи на тој начин. Собираме примероци на терен и ги носиме во лабораторијата. Ги ослободуваме лилјаците на истото место каде што ги фативме, рече зоологот д-р Питер Дазак, член на тимот на СЗО во декември минатата година.

Дазак посочи дека во лабораториите нема живи или мртви лилјаци.

Нема докази дека ова се случило никаде. Тоа е грешка, и се надевам дека ќе биде исправена, напиша познатиот зоолог.

Сепак, официјалното видео од мај 2017 година, од Кинеската академија на науките, до кое дојде Sky News, покажува лилјаци во кафези во Институтот пред четири години и како еден научник ги храни со црви.

На почетокот на овој месец, д-р Дазак на Твитер напиша дека тимот на СЗО не го прашал Институтот Вухан дали чувале лилјаци.

За време на минатиот викенд, на самитот Г7, американскиот претседател Џо Бајден и другите светски лидери повикаа на транспарентна и научна нова истрага на СЗО за коронавирусот во Кина. Минатиот месец, Бајден побара од безбедносните служби да ги удвојат своите напори и да го испитаат потеклото на вирусот и да утврдат дали преносот на вирусот се случил при контакт помеѓу човек и заразено животно или поради истекување во лабораторијата.

Транспарентноста е клучна, рече Бајден.

Џон Ли, стручен соработник во Американскиот центар, за медиумите изјави дека една од причините зошто теоријата за истекување на вирусот од лабораторијата во Вухан е одбиена е фактот што истата е иницирана од поранешниот претседател Трамп.

Тоа не треба да влијае на тоа колку е теорија веројатна или не, но таа теорија е исполитизирана. Првично беше исполитизирана од Доналд Трамп, како и од оние кои не го сакаа Трамп, рече Ли. Професорот Дваер сега вели дека сега се потребни докази за оваа теорија да добие на тежина.

Тој рече дека ваквите теории не треба да се отфрлаат.